Јакимовски: Единствен сум во светот што јавно го дава својот број, граѓаните ме бараат и денес
РРедакција|
Во најновото гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, уште еднаш ја потврди својата нетипична близина со граѓаните, откривајќи дека неговиот приватен телефонски број сè уште е „жешка линија“ за проблемите на луѓето.
Иако веќе не е на функција, Јакимовски тврди дека неговиот мобилен телефон е преплавен со повици од непознати броеви. Тој смета дека неговата достапност е негов заштитен знак по кој е препознатлив и надвор од границите на државата.
„Јас сум веројатно единствениот во светот што јавно го дава својот телефонски број. И денес постојано ми се јавуваат граѓани, имам еден куп пропуштени повици од непознати луѓе. Ме бараат за помош, за поддршка, сè уште ме ословуваат со ‘градоначалниче’“, вели Јакимовски.