Македонија

Раст на бројот на странски туристи во првиот квартал од годинава

Раст на бројот на странски туристи во првиот квартал од годинава

Македонскиот туристички сектор бележи позитивни трендови на почетокот од годинава, пред сè благодарение на зголемениот интерес кај странските гости.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, само во март земјава ја посетиле 73.921 турист, кои оствариле вкупно 134.233 ноќевања.

Во структурата на гостите убедливо доминираат странците, кои сочинуваат дури 80,3 проценти од вкупниот број туристи и реализирале 73,5 проценти од евидентираните ноќевања во овој месец.

Анализата за првиот квартал од 2026 година покажува дека во периодот јануари – март вкупниот број на туристи е зголемен за 5,2 отсто во споредба со истиот период лани. Овој раст главно се должи на странските посетители, каде е забележан скок од 6,9 проценти, додека кај домашните туристи зголемувањето изнесува скромни 1,3 отсто.

Од друга страна, вкупниот број на ноќевања во првите три месеци бележи минимален пад од 0,3 проценти, што е резултат на намалениот број ноќевања кај домашните гости за 1,2 отсто, додека кај странците е регистриран благ раст од 0,2 проценти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни