Македонија

Странската комисија утврди сериозни пропусти кај девет пациенти – се вршеле интервенции мотивирани од финансиска добивка!

Странската комисија утврди сериозни пропусти кај девет пациенти – се вршеле интервенции мотивирани од финансиска добивка!

Министерот за здравство, Азир Алиу, ги презентираше наодите од странската комисија ангажирана да ги испита сомнежите за непотребни кардиолошки интервенции во приватните болници, случај што првично го актуелизираше д-р Сашко Кедев.

Анализирани се вкупно 13 предмети, од кои кај дури 9 пациенти се откриени сериозни пропуст. Кај 4 пациенти е утврдено дека лекувањето било навремено и според стандардите.

„Кај девет случаи документацијата укажува на сомнителни наоди — несогласување меѓу реалната состојба (ангиографијата) и писмените извештаи, што довело до неоправдани хируршки процедури“, изјави Алиу.

Овој случај отвора сериозни сомнежи дека врз пациенти се вршеле непотребни интервенции мотивирани од финансиска добивка

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни