Свет

ФОТО Авион се урна врз станбена област во Германија, две лица загинаа

ФОТО Авион се урна врз станбена област во Германија, две лица загинаа

Две лица загинаа кога мал авион денеска се урна во станбена област во градот Лимбургерхоф на југозападот на Германија. Несреќата се случила околу 11:30 часот по локално време.

„Според досегашните сознанија од истрагата, во несреќата загинаа двајца патници од авионот. Засега нема пријави за повредени жители“, изјави полицискиот портпарол Торстен Мишлер. Сепак, јавниот сервис SWR јавува дека најмалку уште едно лице е повредено.

Авионот наводно се распаднал во воздух

Според извештајот на SWR, се чини дека авионот експлодирал во воздух над станбена населба на периферијата на градот. Очевидци навеле дека леталото закачило една куќа. Од полицијата потврдиле дека остатоци паднале на земја „на поширокото подрачје околу местото на несреќата“.

На терен има голем број припадници на полицијата и итните служби. „Местото на несреќата е оградено во поширок радиус“, изјави полицискиот портпарол. Истрагата за причините на несреќата е во тек. Полициски хеликоптер напладне започнал со снимање на подрачјето од воздух за да помогне во увидот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни