Македонија

Спасовски: Предвремени парламентарни избори ќе има, СДСМ мора да биде подготвен

Спасовски: Предвремени парламентарни избори ќе има, СДСМ мора да биде подготвен

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека очекува во земјава да има предвремени парламентарни избори и порача дека СДСМ мора сериозно да се подготви за секој можен изборен циклус.

– Факт е дека ќе има предвремени парламентарни избори. Тоа го најавував и претходно повеќепати – рече Спасовски.

Тој нагласи дека секоја политичка партија мора постојано да биде подготвена за избори, без разлика дали станува збор за редовни или предвремени парламентарни избори.

– Партијата мора да биде подготвена секогаш за какви било избори што ќе ги имаме – истакна Спасовски.

Според него, партиското раководство треба уште поинтензивно да работи на организациско и програмско консолидирање на партијата, со цел да се изгради сериозна алтернатива на актуелната власт.

– Раководството на партијата треба да работи уште повеќе, и од организациски и од програмски аспект, за да може СДСМ да настапи како организирана структура која ќе биде алтернатива на актуелната власт – порача Спасовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни