Македонија

Коалицијата „Менуваме“: Најдено решение за проблемот со личните асистенти

Коалицијата „Менуваме“: Најдено решение за проблемот со личните асистенти

Решен спорот со намалената поддршка за личните асистенти

Коалицијата „Менуваме“ на денешната прес-конференција изрази задоволство од постигнатиот договор за решавање на проблемот што настана по незаконското намалување на поддршката за лични асистенти. Координаторот на коалицијата, Суарет Алишан, информираше дека решението е донесено по вчерашниот состанок со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и премиерот Христијан Мицкоски.

Доставени клучни документи и законски предлози

За време на состанокот, коалицијата до надлежните ги доставила следниве документи:

  • Предлог-закон за лична асистенција;
  • Предлог-закон за регистар на лица со попреченост;
  • Извештај за системска дискриминација врз лицата со попреченост од страна на Министерството за социјална политика;
  • Најновиот извештај од Комисијата за спречување дискриминација.

Иницијатива за кадровски промени во министерството

Коалицијата „Менуваме“, заедно со други граѓански организации, покренува иницијатива до Владата за промена на раководните структури во ресорното министерство. Нивното барање е Министерството за социјална политика, демографија и млади да биде под ингеренции на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а нов министер да биде актуелниот заменик-министер Велковски.

Алишан истакна дека во моментов социјалниот систем не е во добра состојба, но верува дека со новиот министерски состав ќе се овозможи негово суштинско подобрување и надминување на долгогодишните проблеми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни