Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор со Јанез Јанша, при што упатил честитки по повод изборот за премиер на Република Словенија и успехот во формирањето на новата влада.
Мицкоски му посакал на Јанша стабилност, напредок и успешна работа во претстојниот период, при што, како што се наведува, биле потврдени заедничките заложби за продлабочување на пријателските односи, политичката соработка и партнерството меѓу двете земји.
Во разговорот било истакнато дека Македонија и Словенија продолжуваат да градат силни врски засновани на меѓусебна почит, европски вредности и заедничка визија за развој, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави.