Свет

Драма во Франкфурт: Се „скрши“ предното тркало на авион на „Луфтханза“, откажан летот за Лос Анџелес

Драма во Франкфурт: Се „скрши“ предното тркало на авион на „Луфтханза“, откажан летот за Лос Анџелес

Речиси нов авион од типот „Боинг 787-9“ (Boeing 787-9 Dreamliner) во сопственост на германската авиокомпанија „Луфтханза“ претрпе сериозни оштетувања денеска на аеродромот во Франкфурт, откако предниот дел од подвозјето (носното тркало) неочекувано се вовлече додека леталото било паркирано на гејт.

Како што пренесува специјализираната платформа за следење летови „Flightradar24“, инцидентот се случил непосредно пред планираното полетување. Станува збор за авион со регистрација D-ABPQ, кој е стар само една година.

Леталото требало да го реализира летот LH450 на линијата Франкфурт – Лос Анџелес, но по претрпената материјална штета, летот е веднаш откажан. Засега нема информации за евентуално повредени патници или членови на екипажот, а причините за колапсот на предното тркало дополнително ќе се утврдуваат преку истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни