Љутков: Спојувањето на културата и туризмот е полн погодок
РРедакција|
Одлуката за спојување на ресорите култура и туризам се покажа како клучен и стратешки чекор на половина од владејачкиот мандат, бидејќи официјалните статистики потврдуваат дека најголемиот број странски туристи доаѓаат во Македонија токму поради културниот туризам.
Ова го истакна министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, правејќи пресек на сработеното и предизвиците со кои се соочил неговиот тим.
Љутков откри дека состојбата во која ги затекнал националните установи по преземањето на функцијата била рамна на катастрофа.
„Начекавме буквално девастирани институции, без буџети сведени на минимум, изгубени работни позиции и буџет во кој воопшто не беа обезбедени пари за плати за втората половина од годината. Од 2018 година па наваму, буџетите на институциите беа кратени за неверојатни 70%. Наша прва и најважна задача беше буквално да ги кренеме институциите и да ги вратиме на нозе, на едно достоинствено ниво“, изјави министертот Љутков.