Македонија

Тарик Семси, по потекло од Жупа, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција

Тарик Семси, по потекло од Жупа, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција

Дипломираниот архитект Тарик Семси, по потекло од селото Коџаџик во Општина Центар Жупа и член на турската заедница, испиша историја станувајќи прв странец избран за советник во Советот на Општина Венеција. Тој е избран на локалните избори како кандидат на независната листа на кандидатот за градоначалник, познатиот адвокат Симоне Вентурини, поддржан од италијанската десница.

Краток профил

  • Возраст: 28 години
  • Образование: дипломиран архитект на престижен универзитет во Венеција
  • Потекло: с. Коџаџик, Општина Центар Жупа
  • Етничка припадност: турска заедница
  • Функција: советник во 36-члениот Совет на Општина Венеција
  • Листа: независна листа на кандидатот за градоначалник Симоне Вентурини

Со освоениот мандат во 36-члениот совет, Семси станува првиот државјанин на Македонија, а воедно и првиот странец кој е дел од овој општински орган во Венеција. Денеска ја потпиша изјавата за советник, а првата седница на Советот е закажана за утре.

„Чест ми е што станав дел од Советот на Општина Венеција. Посебно сум горд што сум прв државјанин на Македонија и, воопшто, странец кој е дел од овој општински орган. Максимално ќе се ангажирам да ја оправдам довербата и доследно да ја претставувам нашата многубројна заедница,“ изјави Семси.

Новоизбраниот градоначалник Симоне Вентурини изрази задоволство од изборот на Семси: „Горд сум што едно вредно момче влегува во Советот. Со неговата подготвеност верувам дека ќе придонесе многу за градот Венеција и за многубројната македонска заедница. Убеден сум дека ќе биде одличен пример за идните генерации, затоа што тој е прекрасно, вредно и одговорно момче.“

Тарик Семси е оженет и татко на едно дете. Тој е син на Мунир Шемси, познат бизнисмен и филантроп во Италија, кој со донации помага и во Италија и во матичната земја. Мунир Шемси е претседател на италијанско-македонската стопанска комора „АПИ Нордес“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни