Свет

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

Европските индекси бележат мал раст, цената на нафтата продолжува да паѓа

Европските берзански индекси денеска (18 јуни) бележат благ раст, додека цената на суровата нафта (WTI) од утринава е намалена за 2,37 отсто и се продава за 74,91 долари за барел.

Според податоците од берзите во 09:00 часот, цената на нафтата Брент падна за 2,20 отсто на 77,78 долари за барел.

Германскиот индекс DAX порасна за 0,37 отсто, московскиот MOEX Russia Index опадна за 0,58 отсто, францускиот CAC 40 се зголеми за 0,03 отсто, додека британскиот FTSE 100 падна за 0,68 отсто.

Европските фјучерси на природен гас за јули денеска на отворањето на амстердамската берза TTF се продаваа по цена од 51 евро за мегават-час, односно 505 евра за 1.000 кубни метри.

Вредноста на еврото во однос на доларот на девизниот пазар Форекс денес изнесува 1,15 долари.

Цената на златото се намали на 4.324,20 долари за тројска унца, додека цената на пченицата се зголеми на 6,25 долари за бушел (еден бушел изнесува 27,216 килограми).

Американските берзански индекси Dow Jones Industrial Average паднаа за 0,98 отсто, S&P 500 за 1,21 отсто, а Nasdaq Composite за 1,34 отсто, пренесува Танјуг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни