Македонија

Над 900 дивоградби регистрирани лани, најмногу се куќи и огради

Над 900 дивоградби регистрирани лани, најмногу се куќи и огради

Во текот на минатата година низ земјава биле евидентирани вкупно 911 бесправно изградени објекти, а најчесто без потребните дозволи се граделе објекти за домување и огради. Според податоците на Државниот завод за статистика, дури 96,1 отсто од дивоградбите се во приватна сопственост.

Од вкупниот број, 169 се објекти за домување, што претставува 18,6 проценти од сите регистрирани дивоградби. Во оваа категорија спаѓаат 128 исклучиво станбени објекти, 24 станбено-деловни објекти и 17 куќи за одмор и рекреација.

Речиси идентичен удел имаат и оградите. Во текот на годината биле изградени 164 бесправни огради, што сочинува 18 проценти од вкупниот број.

Статистиката покажува дека без соодветни одобренија биле изградени и 116 деловни објекти (12,7 проценти), 113 натстрешници (12,4 проценти), како и 110 доградби, надградби и адаптации (12,1 проценти).

Покрај тоа, регистрирани се и 106 помошни објекти, 79 гаражи, 22 летни тераси, 17 времени објекти, девет скалила и шест тераси изградени спротивно на законските прописи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни