Воздушниот транспорт во Северна Македонија бележи континуиран напредок преку инвестиции во безбедност, технологија и проширување на врските со нови дестинации. Кадрите на ВРЕДИ во институциите покажуваат дека со работа и посветеност можат да се постигнат стандарди кои до вчера изгледаа недостижни. Ова го велат од партијата ВРЕДИ преку соопштение упатено до јавноста.
– Во таа насока, заменик-министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи, учествуваше во ставањето во функција на новиот томографски систем за безбедносна контрола на рачниот багаж. Инвестицијата од 1 милион евра ја позиционира Северна Македонија на мапата на земјите кои применуваат најнапредни технологии во оваа област, при што станува збор за прв ваков систем од овој тип во Балканот. Резултатите не застануваат само на технолошката модернизација. Во последните две години се отворени 28 нови авио-дестинации, додека оваа година се очекува бројот на патници да надмине 3,5 милиони, што потврдува дека новите политики ја зајакнуваат позицијата на земјата како сè поважен воздушен јазол во регионот, велат од ВРЕДИ.
ОД партијата ВРЕДИ додаваат дека тие продолжуваат да докажуваат дека владеењето се мери со резултати, а не со реторика.
-Секоја инвестиција што ја зголемува безбедноста, ги подобрува услугите и ги проширува можностите за граѓаните е дел од нашата визија за модерна, развиена и подобро поврзана Северна Македонија со Европа и светот, стои во соопштението на ВРЕДИ.