Македонија

Тешка сообраќајка кај „Св. Еразмо“: Автомобил удри во електричен столб, тројца тешко повредени

Тешка сообраќајка кај „Св. Еразмо“: Автомобил удри во електричен столб, тројца тешко повредени

На 01.07..2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмолје, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од С.М.(70) од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.

Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни