Единаесетгодишно дете од тетовското село Сараќино било повредено откако било каснато од куче, а случајот е пријавен во Полициското одделение Групчин.
Според информациите од полицијата, пријавата била поднесена на 2 јули околу 00:20 часот од Р.С. од Сараќино. Таа навела дека претходната вечер, околу 22:30 часот, нејзиниот 11-годишен син бил нападнат од куче додека се движел покрај куќа на жител на селото.
Според пријавеното, кучето било оставено без соодветен надзор и не било врзано, при што го каснало детето во пределот на десната потколеница.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.