Полициските службеници во текот на изминатите денови спровеле повеќе акции на територијата на Скопје, Гостивар, Битола и Прилеп, при што се лишени од слобода вкупно 11 лица кај кои била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во Скопје, на различни локации, на 5 и 6 јули 2026 година, припадници на СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Т. (37), З.Т. (25), И.Д. (31), Б.Ј. (20), М.Г. (20), Ш.Б. (33) од село Инџиково и Е.Н. (25) од село Кондово. При преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана.
Во Гостивар, на 6 јули околу 02:40 часот, на улица „101“ во близина на бензинска пумпа, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Ќ. (18), кај кого била пронајдена марихуана.
Истиот период, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 5 јули околу 12:15 часот, при претрес во установата за време на посета на осуденик С.М. (32) од Штип, биле пронајдени и одземени таблети.
Во Битола, на улица „Тепсија“, на 5 јули во 17:25 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Б. (20) од Битола, кај кого била пронајдена марихуана.
Во Прилеп, пак, на местото викано Вештачко езеро, полицијата ги лишила од слобода Ш.О. (41) од Турција со привремен престој во Прилеп и Ф.И. (27) од Прилеп. При контрола на патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кај нив била пронајдена прашкаста материја.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави против инволвираните лица.