Спорт

Срушен најголемиот сон на Роналдо: Шпанија ја совлада Португалија

Срушен најголемиот сон на Роналдо: Шпанија ја совлада Португалија

Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако во големото ибериско дерби ја совлада Португалија со минимални 1:0 (0:0).

Во натпреварот кој во јавноста беше најавуван како вистински фудбалски „блокбастер“, навивачите видоа сиесет промашени шанси на двете страни, но ниту еден гол во регуларните 90 минути.

Сепак, во првата минута од судиското продолжение, на сцена стапија резервистите на шпанската селекција кои го решија патникот во следната фаза. Феран Торес испрати мајсторско додавање во празно до Микел Мерино, кој излезе „еден на еден“ со противничкиот голман и рутински ја реализираше златната шанса за огромно славје на „црвената фурија“.

Со овој пораз, дефинитивно е срушен и последниот голем сон на Кристијано Роналдо за освојување на „златната божица“ – единствениот трофеј што му недостига во неговата епска кариера. Според претходните најави, ова воедно означува и дефинитивно заминување на Роналдо во репрезентативна пензија.

Шпанија продолжува во топ 8 фазата, додека за Португалија ова е болен крај на уште еден Мундијал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни