Силното невреме што попладнево го зафати Скопје предизвика штети и на спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Според првичните информации, поради силните налети на ветерот е оштетена, односно паднала дел од кровната конструкција на базенот во рамки на спортскиот центар.
Силниот ветер кој, според информациите, достигнувал брзина и до 100 километри на час, предизвика повеќе проблеми низ главниот град – паднати дрвја, оштетени објекти и материјали расфрлани по улиците.
Надлежните служби се мобилизирани и интервенираат на повеќе локации во Скопје.