Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Лукровски: Екипите на Општина Карпош се на терен по невремето, засега нема информации за повредени

Лукровски: Екипите на Општина Карпош се на терен по невремето, засега нема информации за повредени

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, информира дека сите расположливи општински екипи се на терен по силното невреме што го зафати Скопје во попладневните часови.

Лукровски упати порака до граѓаните дека општинските служби добиваат голем број пријави за последици од невремето, меѓу кои паднати дрвја, гранки и оштетени кровни конструкции.

„Сите сме затекнати од невремето кое нè најде во попладневните часови. Моментално сите наши расположливи екипи се излезени на терен и добиваме нон-стоп пријави од граѓаните за паднати дрва, гранки и кровови од одредени згради“, изјави Лукровски.

Тој додаде дека според досегашните информации, нема пријавени повредени лица во општината.

„Се надеваме дека немаме повредени луѓе. За сега информациите кажуваат дека повредени нема“, рече градоначалникот.

Општина Карпош формирала неколку тимови кои ќе интервенираат на критичните точки, а во координација со останатите институции ќе се делува организирано на терен.

Лукровски упати апел до граѓаните кои сакаат да помогнат да интервенираат локално во своите населби, со расчистување на помали гранки и пречки од улиците, додека поголемите интервенции ќе ги преземат надлежните служби.

„Ви благодарам за одзивот и се надевам дека заедно ќе ја пребродиме оваа ситуација која сите нè снајде“, порача Лукровски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни