Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

УХМР: Нов бран невреме од Црна Гора се движи кон Македонија

УХМР: Нов бран невреме од Црна Гора се движи кон Македонија

По силното невреме што попладнево предизвика бројни штети во повеќе делови од државата, Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека кон Македонија се движи нов бран нестабилно време.

Според последната информација објавена во 19:48 часот, во Црна Гора има силно невреме кое моментално се движи кон Македонија.

Претходно, во 17:04 часот, УХМР информираше дека невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер и суградица се движи кон Скопје и Куманово, во правец од северозапад кон југоисток.

Во 18:09 часот беше регистрирано невреме со олуен ветер, пороен дожд и грмежи во Штип и Кочани, кое продолжи да се движи кон Виница.

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат најновите информации и предупредувања, бидејќи се очекува нестабилното време да продолжи и во наредните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни