Македонија

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата за 24 часа, километарски колони кон Грција

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата за 24 часа, километарски колони кон Грција

Интензивниот летен бран и зголемената фреквенција на патници предизвикаа сообраќаен метеж на јужната граница. Според последните податоци од Министерството за внатрешни работи (МВР), во изминатите 24 часа преку граничните премини кон Грција државата ја напуштиле над 17.000 лица, додека во спротивна насока влезеле околу 16.000 граѓани.

Големиот прилив на возила предизвика блокади и забавување на сообраќајот на премините „Богородица“ и „Дојран“, а во Стар Дојран е забележана колона со должина од неколку километри.

  • Граничен премин „Богородица“:
    • Македонски државјани: 5.864 влезени / 5.948 излезени
    • Странски државјани: 10.249 влезени / 11.648 излезени
  • Граничен премин „Дојран“:
    • Македонски државјани: 399 влезени / 1.104 излезени
    • Странски државјани: 1.295 влезени / 1.174 излезени

Надлежните соопштуваат дека ги преземаат сите неопходни чекори за надминување на метежот. Во целосна функција се ставени сите човечки и технички капацитети, со цел максимално да се забрза протокот на патници и возила преку задолжителните гранични проверки.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни