Македонија

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со пукање во Добри Дол

По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство во Гостивар поведе постапка против четворица лица од селото Добри Дол, општина Врапчиште, поради основано сомнение за кривично дело предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според наводите, вечерта на 31 јули, во дворно место од семејна куќа во селото, за време на свадбена прослава, осомничените употребиле огнено оружје, и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар, при што пукале во воздух и ги довеле во опасност животите на поголем број присутни.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство за секој од осомничените, а еден од нив, покрај македонско, поседува и словенечко државјанство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни