Македонија

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

Жештините не попуштаат: Утре до 40 степени, од четврток можен дожд во попладневните часови

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде меѓу 10 и 20 степени, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17 степени, а дневната ќе достигне до 38 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време, при што на поединечни места дневната температура ќе надмине 40 степени. Од четврток до крајот на неделата, во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни