Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор од животна опасност

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор од животна опасност

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по претрпена тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, со добри витални параметри и е надвор од животна опасност, потврди директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски.

Според д-р Мерџановски, пациентот е во свесна состојба, контактибилен, дише самостојно и веќе се храни по природен пат. Во единицата за интензивно лекување веќе е започнато и со физикална терапија.

„Пациентот е во добра состојба и виталните параметри се стабилни. Вчера имаше покачена температура, но сите направени тестови за инфекција се негативни, па најверојатно станува збор за реакција од транспортот и претходната операција. Од денеска почна да се храни преку уста и забележуваме подобрување на општата состојба“, изјави директорот на ТОАРИЛУЦ.

Доколку закрепнувањето тече со планираната динамика, во текот на следната недела се очекува пациентот да биде префрлен на Одделот за трауматологија за интензивна рехабилитација, по што ќе го продолжи лекувањето во специјализиран центар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни