Македонија

Мендух Тачи за Али Ахмети: Тој е најневерниот човек што сум го запознал

Мендух Тачи за Али Ахмети: Тој е најневерниот човек што сум го запознал

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, упати жестоки обвинувања и критики до претседателот на ДУИ, Али Ахмети, нарекувајќи го „најневерниот човек што го запознал во животот“.

Овие изјави Тачи ги даде за време на своето гостување во емисијата „Pressing One“ на телевизијата Т7, каде што отворено говореше за нивниот долгогодишен политички ривалитет.

„Ахмети е најневерен човек, неговата политика е во минус“

Тачи истакна дека неговите проценки за лидерот на ДУИ се субјективни, но се засноваат на децениско политичко искуство:

„Мислам дека добро го познавам. Јас сум негов дежурен противник. Моите оценки за него се без сомнеж субјективни. Но, по сите овие години во политиката, според мене, најневерен човек во животот што сум го запознал е тој“, изјави Мендух Тачи.

Тој додаде дека Албанците во Македонија немаат остварено никаков реален бенефит од долгогодишното владеење на Ахмети, оценувајќи го билансот на неговата политика како негативен:

„Овие зборови изгледаат тешки, но дојде време да се слушне оваа оценка. Во 2002 или 2003 година ваквите оценки се сметаа за инат. Но, крајниот резултат од политиката на Али Ахмети е со минус. Не дека добивме нешто од тоа“, додаде Тачи.

Обвинувања за застапување на туѓи интереси

Во продолжение на разговорот, лидерот на ДПА го обвини Ахмети дека низ годините служел како политички инструмент на други фактори:

„Мислам дека Али Ахмети уште од тогаш беше инструмент на другите, главно на Словените. Од време на време во тоа се вклучуваше и меѓународната заедница. Имам искуство дека во одредени моменти интересите на Словените и на Западњаците се преклопуваат за одреден настан. Сметам дека тој беше искористен токму како таков инструмент“, заклучи Тачи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни