Македонија

Масовна пресметка со тврди предмети во Драчево: Повредено 16-годишно момче, уапсени шестмина

Масовна пресметка со тврди предмети во Драчево: Повредено 16-годишно момче, уапсени шестмина

На 10.08.2026 во 23:20 часот на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Р.С.(63), Б.С.(37), Б.А.(20), О.С.(41), Н.С.(21) и Ѓ.С.(33), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:30 часот го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која биле употребени и тврди предмети, при што била нанесена расекотина на 16-годишник, кој учествувал во пресметката.

Откако пристигнале полициски службеници, еден од учесниците со тврд предмет нападнал еден полициски службеник.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни