На 10.08.2026 во 15:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода А.П.(30), постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 62-годишен татко од Гостивар, дека физички го нападнала, при што употребила и дрвен предмет и му нанела повреди.
А.П. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.