Македонија

Намален протокот на вода во Тетово, има дефект на водоводот од Лешница

Намален протокот на вода во Тетово, има дефект на водоводот од Лешница

Тетово со намален прилив на вода поради дефект на водоводот од Лешница, информираат од ЈКП „Шар“.

Поради интервенција на мрежата, водоснабдувањето кон филтер-станицата е привремено прекинато, со што протокот во системот е намален за околу 100 литри во секунда (од 430 на 330 л/с).

Екипите на претпријатието се веќе на терен и работат на санација на дефектот. Од ЈКП „Шар“ истакнуваат дека доколку има потреба, ќе ги активираат градските бунарски системи за да одржат стабилен притисок во градот, а граѓаните дополнително ќе бидат информирани за состојбата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни