Македонија

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри – успехот го прослави со 11-месечното бебе

Вероника Консевиќ донесе бронза за Македонија на Медитеранските игри – успехот го прослави со 11-месечното бебе

Македонската борачка Вероника Консевиќ оствари голем успех на Медитеранските игри, освојувајќи го бронзениот медал во категоријата слободен стил до 57 килограми.

Во борбата за третото место, Консевиќ прикажа одлична борба и триумфираше над репрезентативката на Србија, Милица Перовиќ, со резултат 7-5.

Со победата над Перовиќ, Консевиќ се избори за место на подиумот и ја донесе новата радост за македонскиот спорт на Медитеранските игри.

Дополнителна инспирација и посебен печат на овој триумф даде фактот што Консевиќ на натпреварувањето отпатува со своето 11-месечно бебе, кое ѝ беше најголема поддршка и мотивација на патот до медалот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни