Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што биле констатирани низа прекршувања и издадени 80 прекршочни платни налози.

Вкупната вредност на изречените глоби надминува 2 милиони денари, односно достигнува повеќе од 2.018.997 денари.

Најголем број инспекциски контроли, 115, биле извршени во согласност со Законот за трговија. Следуваат контролите поврзани со финансиската дисциплина, каде што биле спроведени 102 надзори. При овие контроли биле издадени 28 прекршочни платни налози.

Засилен инспекциски надзор имало и во угостителскиот сектор. Од вкупно 35 извршени контроли, инспекторите издале 20 платни налози поради утврдени неправилности.

Во делот на почитувањето на Законот за заштита од пушење биле спроведени 11 контроли, при што биле изречени шест казни.

Инспекторите констатирале неправилности и при надзорите поврзани со вршење нерегистрирана дејност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни