Четири пожари на отворен простор и натаму се активни во земјава, додека седум се ставени под контрола, а два се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
До 13 часот денеска, 11 септември, се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор.
Активни пожари има во четири општини. Во Македонски Брод гори во атарот на селото Белица, на месноста Кајорец, од каде пожарот се проширил кон месноста Дабова Дупка – Јасен, при што е зафатена нискостеблеста и мешана шума.
Активен пожар има и во Општина Чучер-Сандево, во близина на селото Брест, на месноста Рамно, каде гори мешана шума.
Во Општина Неготино пожарот е регистриран кај селото Дуброво, во правец кон селото Војшанци, каде е зафатена ниска вегетација. Активен пожар има и во Општина Новаци, кај селото Бач, каде гори ниска вегетација и стрниште.
Под контрола се ставени седум пожари. Во Македонски Брод гори мешана листопадна шума кај селото Бенче, додека во Општина Кичево пожарот е во ниска вегетација кај селото Тајмиште, на месноста Дарда.
Пожар има и на градската депонија во Делчево,