Македонија

Невреме го зафати западот на Македонија: Дожд, ветер и грмежи во Дебарско и Тетовско

Невреме го зафати западот на Македонија: Дожд, ветер и грмежи во Дебарско и Тетовско

Нестабилно време веќе го зафати западниот дел од земјава, а според најновите радарски податоци, дожд, засилен ветер и ретки грмежи се регистрирани во делови од Дебарскиот и Тетовскиот регион.

Нестабилноста се движи од запад кон исток, поради што во следните часови променливо време се очекува и во други делови од државата.

Граѓаните се повикуваат на претпазливост при престој и движење на отворено, особено поради можноста за нагли промени на временските услови.

Зголемено внимание се препорачува и за возачите, бидејќи врнежите може да предизвикаат намалена видливост и влажни коловози.

Во подрачјата каде што ќе има нестабилност, временските услови локално може нагло да се влошат во текот на наредните часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни