На 19.09.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријави дека во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, каде била ангажирана заедно со нејзината мајка за хигиеничарски услуги, едно лице физички ја нападнало и допирало по телото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.