Македонија

Голема загуба за битолската гимназија: Соучениците и наставниците се простуваат од Ивана

Голема загуба за битолската гимназија: Соучениците и наставниците се простуваат од Ивана

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ од Битола се прости од својата ученичка Ивана Недановска, по чија смрт училишната заедница изрази длабока болка и сочувство до нејзиното семејство и најблиските.

Во емотивната порака објавена од гимназијата се наведува дека загубата на млад човек остава особено тешка празнина во училишната заедница, каде што секојдневието е исполнето со младост, учење, планови и очекувања за иднината.

„Смртта го прекинува животот, не и присуството“, порачаа од гимназијата, истакнувајќи дека споменот на Ивана ќе остане меѓу нејзините соученици, наставниците и сите кои биле дел од нејзиното секојдневие.

Од училиштето посочуваат дека нејзиното заминување остава празно место во класот и во училиштето, но и трага што ќе продолжи да живее преку сеќавањата на оние кои ја познавале.

„По Ивана останува таква празнина во нејзиниот клас, меѓу нејзините другари, кај наставниците што ја учеле“, се наведува во објавата.

Во овие тешки моменти, учениците, наставниците, стручните служби, раководството и сите вработени во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола изразија најдлабоко и најискрено сочувство до семејството и најблиските на Ивана Недановска.

Од гимназијата порачаа дека животот ќе продолжи, но дека споменот на младата Ивана ќе остане дел од училишната заедница.

„Ќе има едно празно место повеќе. А во него ќе сјае едно име што нема да биде празнина: Ивана Недановска.“

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни