Македонија

Македонската делегација на отворањето на Генералното собрание на ОН

Македонската делегација на отворањето на Генералното собрание на ОН

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со премиерот и владината делегација, денеска во Њујорк присуствуваше на отворањето на Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на ОН.

На овој значаен меѓународен форум, кој собра шефови на држави и високи претставници од целиот свет, фокусот на нашата делегација е насочен кон афирмација на државните приоритети, зајакнување на партнерствата и промоција на мултилатерализмот.

Од Кабинетот на министерот информираат дека за време на престојот во САД, Сали ќе оствари низа средби со претставници на меѓународни институции. Главни теми на разговорите ќе бидат европската перспектива на Северна Македонија, регионалната соработка, одржливиот развој и подобрувањето на можностите за идните генерации.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни