Македонија

Јаневска: Оптимизацијата на училиштата не се прави насилно – децата во поголеми средини ќе добијат подобро образование

Јаневска: Оптимизацијата на училиштата не се прави насилно – децата во поголеми средини ќе добијат подобро образование

Оптимизацијата на училишната мрежа во земјава се спроведува постепено и во разговор со родителите и општините, без никакви насилни чекори. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, објаснувајќи го процесот на реорганизација на паралелките и припојувањето на малите училишта кон поголемите образовни центри.

Јаневска демантираше дека со овој процес најмалите ќе бидат изложени на долго патување, нагласувајќи дека децата што живеат на поголема оддалеченост ќе останат во матичните средини, дури и ако се работи за едно дете во училиштето.

Припојување се врши само таму каде што централните училишта се на мала оддалеченост од 2,5 до 3 километри.

„Постојат научни докази дека за децата е многу подобро да учат во поголеми групи наместо да останат изолирани. Преку социјализацијата тие развиваат меки вештини, учат да комуницираат, да решаваат проблеми и да се натпреваруваат во знаење. Токму изобличеноста и малите паралелки се една од причините за лошите резултати на меѓународните и домашните тестирања“, истакна министерката.

Процесот на оптимизација веќе е започнат оваа година за прво и шесто одделение во основното, како и за прва година во средното образование. Планот на Министерството е реформата целосно да заврши во следните четири до пет години, паралелно со природниот одлив на наставниот кадар.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни