Свет

Нафтата „Брент“ над 103 долари, гасот во Европа близу 74 евра

Нафтата „Брент“ над 103 долари, гасот во Европа близу 74 евра

Цената на нафтата „Брент“ денеска се искачи над 103 долари за барел, фјучерсите на гасот на европската берза TTF се продаваат за речиси 74 евра за мегават-час, додека европските берзански индекси главно се во пад.

Според податоците во 9:30 часот, цената на нафтата „Брент“ порасна за 0,28 отсто, на 103,362 долари за барел, додека американската лесна сурова нафта WTI поскапе за 0,23 отсто, достигнувајќи 92,358 долари за барел.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан пред Генералното собрание на Обединетите нации изјави дека Техеран нема да попушти пред заканите, додавајќи дека неговата земја нема да се откаже од правото на развој на нуклеарната технологија за потребите на економскиот развој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни