Македонија

Мицкоски ги истакна Коридорите 8 и 10 пред ОН: Географијата може да биде предност

Мицкоски ги истакна Коридорите 8 и 10 пред ОН: Географијата може да биде предност

Развојот на Коридорите 8 и 10 е дел од пошироката европска визија за поврзување на регионот, порача премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Мицкоски ги поврза инфраструктурната поврзаност и економската безбедност со промените во глобалните синџири на снабдување.

„Нашата географија не мора да биде наша судбина. Таа може да биде наша предност ако изградиме институции и инфраструктура што ќе ја претворат нашата географска положба во поврзаност“, рече тој.

Премиерот посочи дека денес државите не размислуваат само за тоа каде нешто може да се произведе најевтино, туку и кој е доверлив партнер и дали енергијата и стоките ќе бидат достапни во услови на криза.

Во тој контекст, тој го истакна значењето на диверзифицираните транспортни правци, сигурната енергија и поблиските синџири на снабдување.

Според Мицкоски, подобрата инфраструктурна поврзаност може да придонесе регионот да биде повеќе интегриран, наместо да остане на геополитичката периферија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни