Македонија

Тешка сообраќајка кај Василево: Загина 48-годишен возач

Тешка сообраќајка кај Василево: Загина 48-годишен возач

На 28.09.2026 во 12:40 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Василево и Владевци, струмичко, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(48) од село Сушево, струмичко, излетало од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Струмица.

Увид на местото изврши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни