Македонија

Ристов: Ако не изградиме складишта за енергија – фотоволтаиците ќе ‘блокираат’ системот

Ристов: Ако не изградиме складишта за енергија – фотоволтаиците ќе ‘блокираат’ системот

Изградбата на фотоволтаични централи во Македонија доживува вистински бум, но претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, предупредува дека идната безбедност на системот зависи од вложување во складишта за енергија – и тоа пред сè природни.

„За сите нови фотоволтаични централи според новиот закон за енергетика ќе има обврска – 40% од капацитетот мора да биде складирање, односно батериски системи“, нагласи Ристов. Но, од инженерска гледна точка, тој е категоричен: „Ни треба природно складиште, не батериско. Најдобар акумулатор е водата – реверзибилни централи што ќе користат шпицовите на ефтина енергија за пумпање вода, па потоа таа вода да се користи кога е најпотребна.“

Техничкиот предизвик е значителен: „Ова особено е важно затоа што хиперпродукцијата на фотоволтаици преку ден создава вишоци – ако немаме каде да ги складираме, системот мора да гаси постројки, што е загуба и за инвеститорите, и за системот.“

Според Ристов, владата веќе во својата програма има план за градба на вакви системи, „кои многу ќе придонесат за стабилизација“. Тој е оптимист дека новите реверзибилни централи, во комбинација со батерии таму каде е нужно, се единствениот пат напред за македонската енергетика во ерата на обновливи извори.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни