Македонија

Електромобилноста во Македонија касни 20 години – нерегулирани станици наплаќаат 700 евра за мегават

Електромобилноста во Македонија касни 20 години – нерегулирани станици наплаќаат 700 евра за мегават

Македонија сериозно касни зад Европа во спроведување на електромобилноста – и ова мора да се промени радикално, укажува претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов.

„Со електромобилноста касниме по моја словена проценка 20 години… ако излезете од Македонија и отидете во било која западна европска држава, веќе електромобилноста е стигната со 20, 30, 40 проценти, Скандинавија веќе е над 50 проценти“, предупреди Ристов.

Најголем проблем за граѓаните, според него, сѐ уште е нерегулираниот пазар на полначи за електрични автомобили: „На некои чарджери се продава електрична енергија за 700 евра по мегават – што е неприфатливо! Секој слободно си стави цена. Ова мора да се стави во регулација.“

Регулаторната комисија заедно со Министерствата за енергетика и транспорт веќе работи на нова стратегија, која ќе ја стави оваа област во строги рамки, ќе одреди јасни правила за операторите и ќе помогне приватните инвеститори наместо хаотичен напредок.

Ристов апелира: „Мора да имаме, како сите држави, цел и рок. За 5–7 години, Македонија да замени 30% од потрошувачката од фосилни горива со електрични возила. Основата е да се даде субвенционирање, да се укинат царините, и да ги поттикнеме и луѓето и производителите.“

Електромобилноста, вели тој, не е само модернизирање на транспортот, туку и пат за намалување на аерозагадувањето, повисок технолошки стандард и обезбедување независна енергетска иднина.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни