Македонија

„Јас сум за зголемување на минималната плата“ – Мицкоски бара договор меѓу работниците и работодавачите

„Јас сум за зголемување на минималната плата“ – Мицкоски бара договор меѓу работниците и работодавачите

Зголемување на минималната плата и на платите на работниците треба да се разгледува преку социјален дијалог меѓу работниците и работодавачите, смета премиерот Христијан Мицкоски.

„Да, јас сум за зголемување на минималната плата. Да, јас сум за зголемување на повисоки плати, но исто така тој процес треба да се води во рамките на социјалниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите“, изјави Мицкоски.

Одговарајќи на прашање за ставовите на опозицијата, премиерот упати остри критики кон опозициските партии, обвинувајќи ги дека ја „уништија и ограбија Македонија“.

Мицкоски оцени дека опозицијата нема „никаков кредибилитет, ниту јавен, ниту политички“ и дека во моментов е, како што рече, „заглавена во своето политичко мочуриште“.

„Опозиција којашто мислам дека уште долго време ќе се наоѓа на маргините на политичката сцена“, додаде премиерот.

Тој повтори дека е за повисоки плати, но нагласи дека процесот треба да се одвива низ разговор и договор меѓу работниците и работодавачите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни