Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска е прекинато откако му се слоши на еден од адвокатите присутни во судницата.
Според информациите од судницата, адвокатот бил упатен на преглед во Брзата помош, по што рочиштето било прекинато.
Паузата трае повеќе од 40 минути.
Родителите на жртвите реагираат поради прекинот и изразуваат револт, оценувајќи дека на овој начин дополнително се одолжува судскиот процес.
Засега нема информација кога рочиштето ќе продолжи.