Балкан

Татко убил син во Гњилане

Татко убил син во Гњилане

Во неделата вечерта во селото Пограџе, во близина на Гњилане, е убиен маж, соопшти таканаречената Косовска полиција.

Инцидентот бил пријавен околу 19:30 часот, а осомничениот за убиството е во бегство. Медиумите во Приштина известуваат дека жртвата била убиена од сопствениот татко.

Ова е втор случај на убиство во општина Гњилане во последните три дена. Во петокот, во Доњи Ливоч, маж ги убил сопругата и нејзиниот брат, а го ранил другиот брат на сопругата.

Во врска со овој најнов инцидент, градоначалникот на Гњилане, Албан Хисени, соопшти дека за утринава свикал итен состанок на општинскиот совет за безбедност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни