Македонија

Сѐ уште гори дивата депонија кај Арачиново

Сѐ уште гори дивата депонија кај Арачиново

Три дена по пожарот на дивата депонија кај Арачиново, на терен и натаму има чад, и покрај дождот што врнеше вчера. Состојбата повторно го отвори прашањето за ризикот по воздухот и за тоа дали надлежните преземаат доволно мерки.

Иако во текот на вчерашниот ден имало дожд, состојбата и натаму предизвикува загриженост. Сликата на терен е загрижувачка, а се отвора и прашањето колку и дали институциите превземаат нешто за спречување и колку ова ја загрозува животната средина.

На состојбата реагираат и еколошките активисти, кои бараат итна реакција. Тие бараат итно решение, односно бараат да се превземат конкретни мерки за решавање на проблемот. Пожарите на депониите, повторно ја актуализираат дилемата зошто ваквите случаи се повторуваат и дали се преземаат доволни мерки за нивно спречување.

Дополнителна загриженост предизвикува и податокот од Министерството за животна средина дека во земјава, според Законот за депонирање, дозволи имаат само три депонии. Депонијата Дрисла, и депониите во Гевгелија и во Гостивар. Овој податок повторно го отвора прашањето за управувањето со отпадот и за надзорот врз дивите депонии.

Од Министерството за животна средина е побаран одговор дали се направени мерења на квалитетот на воздухот и дали се утврдува одговорноста за случајот, а одговори се очекуваат во текот на денот. Воедно, се очекуваат информации и од Инспекторатот за животна средина, како и од општината.

Во меѓувреме, граѓаните очекуваат конкретни решенија, а не само најави и одговор кога ќе се стави крај на пожарите на депониите во земјата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни