Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Булаиќ: Трагедијата во Нови Сад со 16 жртви ја разниша довербата во институциите на Србија!

Булаиќ: Трагедијата во Нови Сад со 16 жртви ја разниша довербата во институциите на Србија!

Трагедијата во Нови Сад, во која при уривањето на натстрешница на железничката станица загинаа 16 лица, претставува пресвртница во односот на граѓаните кон институциите во Србија, оцени новинарката Жана Булаиќ во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според неа, токму незадоволството од институционалното постапување по трагедијата било еден од главните двигатели на студентските протести и поширокото граѓанско движење.

Булаиќ посочи дека граѓаните бараат одговорност за пропустите, независно од политичката или институционалната позиција на одговорните лица.

Таа нагласи дека недовербата во институциите постоела и претходно, но трагедијата дополнително ја продлабочила.

„Борбата е за праведна држава во која секој ќе одговара, без разлика дали е министер или има партиска книшка“, беше суштината на нејзината оценка.

Според Булаиќ, барањето за независни институции и одговорност станало едно од централните прашања на политичката криза во Србија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни