Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил телефонски разговор со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, на кого му ја честитал изборната победа.
Информацијата ја соопшти Мицкоски преку својот профил на социјалната мрежа Икс (X).
„Денес телефонски разговарав со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија. Му честитав за постигнатиот изборен резултат и победа, и му посакав успех во периодот што следува“, напиша Мицкоски.
Премиерот не соопшти дополнителни детали за содржината на телефонскиот разговор.