Македонија

Во „Алта банка“ реализирани 750 исплати, на шалтерите може да се плаќаат и комуналии и кредити

Во „Алта банка“ реализирани 750 исплати, на шалтерите може да се плаќаат и комуналии и кредити

Клиентите на „Алта банка“ АД Битола од денеска на шалтерите во Битола, Струмица и Тетово можат да плаќаат комунални услуги и да ги намируваат обврските за отплата на кредитите, соопшти Народната банка.

Во трите града денеска се реализирани вкупно 750 исплати на клиенти кои имаат платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Тие на шалтерите можат да подигнат до 20.000 денари.

Покрај исплатата во Битола, од денеска работат и шалтерите во Тетово и Струмица. Според Народната банка, исплатата се одвива непречено и согласно утврдената динамика.

Со овозможувањето уплати за комуналии и отплата на кредити, клиентите добиваат пристап и до дел од услугите за намирување на тековните финансиски обврски.

Народната банка потсетува дека од оваа недела неделниот лимит за подигање готовина и плаќање на продажни места со картичките на банката е зголемен од 10.000 на 15.000 денари.

Од централната банка наведуваат дека продолжуваат со активности за постепено олеснување на располагањето со средствата и обезбедување непречени платежни услуги за клиентите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни