Македонија

ЗНМ пријави повици за насилство кон Милка Смилевска и побара итна реакција од МВР

ЗНМ пријави повици за насилство кон Милка Смилевска и побара итна реакција од МВР

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди навредите, омаловажувањата и експлицитните повици за насилство упатени кон новинарката Милка Смилевска на Фејсбук. Случајот е пријавен до Секторот за компјутерски криминал при МВР, а ЗНМ бара итно постапување и мерки за нејзина заштита.

Според Здружението, профил именуван „Вистината боли“ објавил фотомонтажа од Смилевска, по што во коментарите се појавиле повици за физичко насилство кон неа.

Од ЗНМ оценуваат дека ваквите содржини претставуваат сериозна закана за личната безбедност на новинарката и обид за заплашување и замолчување на новинарите преку дигиталниот простор.

„Ниту едно несогласување со новинарски став, извештај или професионален ангажман не може да биде оправдување за повикување на насилство“, порачуваат од Здружението.

ЗНМ бара МВР да ги идентификува лицата што упатуваат закани и да преземе соодветни законски мерки. Истовремено, повикува објавените содржини да бидат испитани без одлагање и да се обезбеди заштита на Смилевска.

„Институциите не смеат да ги третираат ваквите закани како обични коментари на социјалните мрежи, особено кога станува збор за експлицитни повици за физичко насилство“, се наведува во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни