Пожар избувнал вечерва во близина на Бит Пазар во Скопје, при што биле зафатени магацински простории. Според првичните информации, нема повредени лица.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека на местото на пожарот интервенираат екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје со шест противпожарни возила.
Пожарникарите се ангажирани во гаснењето на огнот, а поради интервенцијата засега нема подетални информации за обемот на пожарот и причинетата материјална штета.
Причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се познати. Надлежните служби најавуваат дополнителни информации во текот на вечерта.